Организаторите на фестивалскиот бренд кој оваа година го живее своето 21-во издание Ви нудат уште три добри причини зошто од 20-ти до 23-ти август треба да дојдете на охридскиот кеј. Славен Кнезовиќ и Бојан Маровиќ од Црна Гора односно Романа Паниќ од Србија, ова се трите звучни имиња кои ќе се придружат на списокот на изведувачи на интернационалната вечер на “Охрид фест – Охридски трубадури” која е закажана за 23 август. Станува збор за тројца искусни и веќе етаблирани музичари кои со сигурност ќе го привлечат вниманието на публиката. “Охрид фест – Охридски трубадури” годинава ќе се одржи од 20-ти до 23-ти август на добро познатата локација – охридскиот кеј.
Подготви: Маргита Робевска
