За Нова година битолчани на плоштадот “Магнолија” ќе уживаат во новогодишен џубокс. Во него од 21,30 часот до еден часот по полноќ свој настап ќе има и публиката ќе ја забавува позната музичка група “Боеми”, Борче Наумовски и Бојан Стојков. Претходно, од 20,30 со 21,30 часот присутните ќе ги забавуваат познати DJ-и.
На 30-ти декември новогодишен концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Битола. На концертот ќе настапат: Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

