Во прв ред

Цеца, Масимо Савиќ и Цукеро во јули во Охрид

Спектакуларно лето ве очекува оваа година во Охрид. Покрај веќе најавениот “Ohrid Calling 2018” на кој ќе настапат Dimitri Vegas & Like Mike, Armin van Buuren и Jax Jones, се закажуваат концерти на бројни балкански и светски ѕвезди. Авалон продукција најавува уште двa големи концерти во Охрид. Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот Zucchero во Охрид на 25-ти јули на Античкиот театар, Масимо Савиќ на 14-ти јули доаѓа за прв пат во Охрид.

Oва ќе биде првиот open air концерт на Масимо во Македонија и тоа во Античкиот театар. Zucchero за прв пат во Македонија, а ќе се претстави со своето best of шоу. Тоа не е се за јули,  на 28-ми јули следува концерт на кралицата на балканската турбофолк сцена Светлана Ражнатовиќ – Цеца.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: