Српската поп-фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца, објави дека летово ќе има два настапи во Македонија. Имено Цеца на 14-ти август ќе настапува во Охрид а една недела подоцна во Пробиштип, на 21-ви август. Точната локација и повеќе детали се очекуваат кон крајот на следниот месец.
Цеца често настапува во земјава. Последно во 2019-та година настапуваше на „Пиво фест“ во Прилеп и „Пастрмајлијада“ во Штип.
