Во прв ред

Четкар со свирка во Трпејца

Утре 26-ти јули сабота, познатиот македонски музичар Владимир Четкар ке настапи можеби во најубавиот дел во Охрид и Македонија, славното и познато Трпејца или како што многумина го велат македонското Сен Тропе. На овој настап Четкар ќе настапи во дуо со контрабасот Оливер Јосифовски.

Инаку ова место, каде има сеуште недопрена природа, убавина која со часови би ја гледале, кристално чиста езерска вода, утре вечер ќе направи овој музички настан да ги задоволи сите Ваши сетила и овој дел од охридското крајбрежје одново и сосема на поинаков емотивен начин да го засакате и да се вљубите во него. Настапот е закажан за 17 часот, доколку сте моментално во Охрид и сакате невобичаена забава, вие сте на ред.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: