Во прв ред

“Цветници” на 23-ти април

Фестивалот за народна музика “Цветници” ќе се одржи и оваа година и тоа на 23-ти април во Универзалната сала во Скопје. Селекционата комисија од Македонската радио и телевизија, кои се всушност и организатори на фестивалот, од пристигнатите 55 композиции одбраа 16 кои оваа година ќе бидат испеани на сцената на овој престижен фестивал.

Оваа година ќе настапат пејачи кои се фолк елитата на македонска фолк музика меѓу кои се: Миле Кузмановски, Анастасија Петревска, Виолета Томовска, групата “Арија”, Милица Кузмановска, Зуица Лазова Ефто Пупиновски, Ирена Спасовска и други, а како големо изненадување за овогодинешното издание на “Цветници” е најавено и учеството на познатата фолк пејачка Смиља Митревска кој веќе долги години живее и работи во Шпанија.

“По­важ­но ни бе­ше да се из­бе­рат пес­ни, от­кол­ку пе­ја­чи­те, би­деј­ки си­те пе­ја­чи са­ка­ат да нас­та­пат на “Цвет­ни­ци”. Уш­те да се сни­ма­ат песните и фес­ти­ва­лот мо­же да поч­не”, из­ја­ви уметничкиот директор на “Цветници” Ме­то­ди­ја Ав­тов­ски. Фестивалот одложено ќе се емитува на програмата на МРТВ на големиот христијански празник “Цветници” на 27-ми април.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: