По повод 20 години на македонската музичка сцена, Дани Димитровска ќе одржи јубилеен концерт со Македонската филхармонија. Настапот на Дани со филхармонискиот оркестар ќе биде под диригентската палка на Бисера Чадловска. Концертот насловен како “Рок симфонија” ќе се одржи на 7-ми март со почеток во 20:30 часот.
Ф.Е.
