Во прв ред

Даниел Кајмановски на сцена – уживајте…

Изнендаувачки како за балканци, големото супер финале на првата сезона на “X Factor Adria” започна како што и беше најавено и превидено, точно навреме. Конбанк Арената е преполна, 10.000 млади момци и девојки може слободно да кажеме дека е минимум што има присутни моментално.

“Доктори” ја имаа честа први да го отворат големото финале. Дали од возбуда или не, на моменти се забележуваше дека фалшираат, но тоа не беше пресудно членовите на жирито да не искоментираат позитивни коментари. Следен на сцената беше Лукијан кој исто така како и Докторите отпеа странска песна. И за него жирито даде позитивни коментари, а тој видно расположен ги поздрави сите од жирито. На средината од првиот дел на настапи на сцената следува нашиот македонски претставник Даниел Кајмаковски кој не се сомневаме дека нема да направи она што го прави и секој live, одличен настап, перфектен избор на песна и секако одлична изведба.

Во продолжение уживајте во нашиот Даниел…

Од Белград за Музика24: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: