Во прв ред

Данијела Мартиновиќ премиерно на 17-ти март во Македонската филхармонија (Фото)

Нашите пријатели и соработници од Авалон продукција со задоволство не информираат дека на 17-ти март во Македонската филхармонија, македонската публика после подолг временски период премиерно и ексклузивно ќе има можност да се дружи и да ужива во рефрените на популарната Данијела Мартиновиќ.

„Кога сме кај затворањето на круговите со „30 години Авалон”, мора да се навратиме на едно име кое е важно за нас, а среќа и за вас. И ние си имавме наша транзиција во работата, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала. Историјата кажува дека први наши концерти таму беа концертите со Мишо Ковач, но евидентно најуспешниот проект некогаш воопшто направен во Универзална сала, од нејзиното постоење, па се до нејзиното затворање беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, со која Авалон продукција распродаде неверојатни 11 Универзални сали во само 2ипол години?!“, велат од Авалон продукција.

Данијела денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, и време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија.

Влезниците за овој концерт ќе бидат во продажба веќе од денес 21.02.2024 стартувајќи од 9 часот наутро on-line на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx по следните цени и категории: 1.200 денари и 1.500 денари.

Со Данијела секогаш една работа е сигурна – срцето и е секогаш 1000% на сцена.

17-ти март, Македонска филхармонија, Данијела Мартиновиќ!

Можеби ќе ве интересира: