Во прв ред

Концерти на Данијела Мартиновиќ за прв пат во античките театари во Охрид и Битола

После навистина долга пауза, патиштата помеѓу Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето. Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ја донесеме навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Охрид и во Битола на 06-ти и 07-ми август.
Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин.
Влезниците се пуштени во продажба на avalon.mk и продажната мрежа ширум земјава. Цена на влезница за Хераклеа е 600 денари а за Антички театар- Охрид: 700 денари (трибини) и 1000 денари (ВИП седење).

Можеби ќе ве интересира: