Авалон продукција го исполнува ветеното и продолжува со музика, ширење позитивна енергија и добро расположение. После концертот на Амира Медуњанин го најавија вториот проект во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува.
Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, “Haustor”.
Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност. Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, а тие се веќе пуштени во продажба по цена од 1000 и 1500 денари.
