Во прв ред

Даутовски концертно ќе го претстави “Апокалиптикум” (Видео)

Во организација на СОКОМ, а во склоб на манифестацијата “Денови на македонската музика”, професорот Драган Даутовски на 27-ми март во Македонската опера и балет со голем концерт ќе го престави својот најнов проект наречен “Апокалиптикум”.

“Апокалиптикум” всушност претставува звучно патешествие до суштината на она што го нарекуваме музика. До нејзината божествена и животворна енергија која го прати еволутивниот развој на човештовото од самиот почеток на неговото пра-раѓање и ќе го прати до самиот залез на неговиот опстанок. “Апокалиптикум” ја носи пораката: Човекот треба најпрвин да е во хармонија со самиот себе, со припадниците на својот род и се што го слави животот, за потоа преку дадената можност (живот) да ужива во божествената хармонија на просторот – космосот”, вели Даутовски за својот најнов проект. Цената на билетите кои чинат 400 денари можете да ги набавите во билетарницата на Македонската опера и балет.

https://www.facebook.com/fusionproduction/videos/178992175937892/

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: