Даворин Боговиќ, првиот вокал и еден од основачите на „Прљаво Казалиште“, вчеравечер за прв пат одржа солистички концерт во Македонија. И тоа ексклузивно во Битола, каде Даворин со неговиот бенд „Боговичи“ настапи на Ракометното игралиште.
Концертот започна и заврши со стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста, „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“. После „Crno-bijeli svijet“ со која се загреаа атмосферата, следуваа нумери од различни периоди на неговата соло кариера и се разбира од времето во „Прљаво Казалиште“. „Mi plešemo“, „Sve je lako kad si mlad“, „Milioner“, „Subotom Uveče“, „Sam“, „Zagreb“ беа само дел од репертоарот на речиси двочасовниот концерт на Даворин Боговиќ и неговиот бенд.
Атмосферата ја загреваше битолската метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, „FUDGE“, кои од неодамна повторно се враќаат на сцената со концертни настапи.
Со концертот на Даворин Боговиќ, Сцена продукција го одбележа својот втор роденден.








