Денес точно на пладне, во Градскиот парк во Скопје, кај познатата школка се одржа предматурскиот концерт наречен “Ѕвони за забава”. На овој настан кој што кај нас се одржува за прв пат матурантите можеа да се запознаат и информираат за повеќе студиски програми на неколку факултети во Македонија. Се делеа подароци, попусти и се она што би ги интересирало овогодишните матуранти за нивната матурска вечер.
Како водители се појавија Ненад од “Екстра Ексклузив” и Ксенија. Но сепак, ние не би биле Музика24 ако не се осврнеме на музичкиот дел од овој настан. Освен информативните штандови за матурантите, идните студенти, организаторите се погрижија и за забавно-музичкиот дел, а во него ги видовме ексклузивиците на “Горила продукција”: Магдалена Цветковска Ена, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски и Тамара Тодевска. А потоа на сцената се појавија и DJ Dela и DJ Branchez.
Организаторите од “Кликер Маркетинг” најавуваат дека овој настан ќе прерасне во традиционален, како би можеле на полесен и побрз начин матурантите-идните студенти да се информираат за сите студиски програми на факултатите во Македонија.
Подготви: Марија Поповска
