Во прв ред

“Д Фестивал” за прв пат во август

Во текот на изминатите месеци продолжија со подготвките за “Д Фестивал” и ширењето на позитивна енергија. Пристигнаа илјадниците пораки исполнети со љубов и поддршка за работа на различни решенија и се подобри изданија. Oд првото, па се’ до последното издание, фестивалот од една бина на напуштен паркинг, се прошири на 20.000 квадратни метри, вклучувајќи пет сцени на кои заедно со нашиот тим, помагаа 200 волонтери и над 600 соработници, се’ со цел да се овозможат три незаборавни фестивалски дена.

“Оваа година ни започна со амбициозна подготовка на фестивалот, која резултираше со најголем интерес досега, што значи дека сме ја стекнале вашата доверба. Мотивирани од истата, до денес се надевавме дека ќе се појави шанса за скора дружба. За жал, бројките на заболени и слабиот напредок во борбата со COVID-19, затворени граници и карантини, дефинитивно не принудуваат да се адаптираме на ситуацијата и да го презакажеме “Д Фестивал” 68 дена подоцна – од 21-23 август 2020 година, на локација Градски Парк – Дојран, во омилениот Д Камп. Во соработка и координација со нашите пријатели од Србија, ќе се одржи една недела по Exit Festival”, велат организаторите на фестивалот.

Тие исто така ја известуваат публиката дека сите билети се безбедни. Задржувајќи го набавениот билет, го поддржувате фестивалот и музичката индустрија и за возврат, добивате можност да присуствувате на двете “Д Фестивал” изданија – во 2020 и во 2021 година. Доколку не сте во можност да присуствувате на овогодинашното издание, билетот може да го задржите за 2021 година, а на располагање ќе бидат понудени и различни решенија за поврат на средствата. Скоро сите досега најавени изведувачи се потврдени на едно од двете изданија, а детални информации околу целосната програма ќе бидат објавени на почеток на месец јули.

Според насоките од Светската здравствена организација, кои препорачаа враќање на фестивалите, изработен е детален предлог-протокол, поттикнат од позитивното искуство на соседните и европските земји кој беше доставен до Владата на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира: