Во прв ред

Дино Имери ќе одржи концерт во Офицерскиот дом – Битола

Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај  „ Денот на Европа”  го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерски дом во Битола. Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа” на Општина Битола и  е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer”  по пренесувањето во  Палатата на културата – Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.

Концертот ќе се одржи во понеделник, 9-ти мај со почеток во 20.00 ч. На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар. Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.

Можеби ќе ве интересира: