Уште една ексклузивна информација на музичкиот портал Музика24, а се со цел за промовирање на нашите квалитетни и веќе надалеку докажани музички имиња. Борче Панов, еден од најпознатите и најбарани DJ-и во Македонија, повторно алудира на своите аспирации за прокламирање на вистинска техно-музичка култура.
Својата професионалност ќе ја презентира и на големиот број почитувачи на ваквата култура кои ќе бидат дел од овогодинешниот “Green Love Fest -4” во Нови Сад, Србија. 14-ти и 15-ти март во салата “Спенс”, нашиот репрезентативен Борче Панов со свој сет, меѓу веќе докажаните: Vladimir Acic, David Mendo, Matthew Hoag, Dejan Milicevic, Lea Dobricic и DJ- дуото Beng La Decks!
Настан за кој долго ќе се зборува, енергија која не остава рамнодушен и се чувствува само со квалитетно одбрана програма – 14 и 15 март – Нови Сад живее со култниот техно звук!
Подготви: Марија Поповска
