DJ-от Рони Сајз и холандскиот метал-состав “Синистер”, се главните ѕвезди на годинашниот “Д-фестивал”, кој ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Рони Сајз се смета за еден од најпочитуваните артисти на светската драменбејс-сцена, додека холандскиот состав “Синистер” важи за еден од најголемите бендови на андерграунд детметал-сцената. Според најавите холандскиот бенд во Дојран ќе го промовира својот последен албум “Syncretism”. Покрај Сајз и “Синистер”, на “Д-фестивал” годинава ќе се претстават и голем број имиња од домашната сцена.
Подготви: Филип Етмишовски
