Во прв ред

Дупла рокенрол забава: „Ван Гог“ и „АРЕА“ на Ракометно

Во годината кога го слават големиот јубилеј – 30 години, а во рамки на нивната славеничка турнеја еден од најпознатите македонски рок состави – „АРЕА“ ќе одржи голем концерт пред битолската публика на 10-ти јуни на Ракоментното игралиште.

„АРЕА“ е еден од ретките македонски рок бендови кои 30 Години создаваат македонска рок музика и испишуваат успешна рокенрол приказна. Од 1992 година тие создадоа бројни хитови како „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“, „Пријател“, „Фрекфенција на љубовта“ и уште многу други постари но и нови песни од албумот кој ќе излезе оваа година ќе ги чуете на 10-ти јуни на добропознатото Ракометно. Но тоа не е сѐ! Сцена продукција подготвува дупла рокенрол забава. Истата вечер на истата сцена ни гостува еден од најквалитетните рок состави во регионот „Ван Гог“.

И после три и пол децении на сцената, Џуле и момците се неуморни и полни со елан како и на самиот почеток. За овие 36 години, колку што постојат неколку генерации поминаа но сите останаа верни на нивната музика. Ова не е нивни прв концерт во Битола, но познатa e креативната непредвидливост на овој рок состав и фактот дека е ниту еден нивен концерт не ист туку секој е нова музичко-сценска приказна. Така ќе биде и на 10-ти јуни, кога после 7 години пауза од последниот концерт, публиката од Битола и околината која желно исчекува повторна средба со „Ван Гог“ ќе има прилика да ужива во богата сет листа, која веќе се подготвува а на која ќе се најдат песни од различни периоди на нивната повеќедецениска кариера.

Концерт на два култни рок бендови, во една вечер на иста сцена е ретка прилика која не се пропушта! Затоа побрзајте на mktickets.mk и набавете влезници на време бидејќи интересот уште сега е огромен.

Можеби ќе ве интересира: