Авалон продукција го најавува најспектакуларното рок шоу оваа година во Македонија. Тоа ќе се одржи на 26-ти април во СРЦ Кале а настапува легендарниот амерички гитарски херој, Steve Vai. Тој за прв пат доаѓа во Македонија!
Како дел од листата на 10-те најдобри гитаристи на сите времиња, Steve Vai свирел и бил дел од студиските албуми на Frank Zappa, Motorhead, David Lee Roth, Whitesnake, Public Image Ltd… истовремено градејќи богата кариера како виртуоз со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент, 8 соло албуми и 3 Grammy награди.
Steve Vai доаѓа во Скопје по повод промоција на неговиот актуелен албум, „Inviolate“, кој изминатава година се позиционираше како број 1. на Hard Rock Albums листата. Влезниците за овој рок спектакл ќе бидат пуштени во продажба од петок (20-ти јануари) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон Продукција по следните цени и категории, во ограничен број: Партер – 1.500 денари, Трибини – 2.000 денари и ВИП – 3.000 денари.
