Во прв ред

Ексклузивно: Пеѓа Јовановиќ со голем концертен оркестар доаѓа во Скопје (Фото)

Пеѓа Јовановиќ, човекот кој со своите песни и настапи буди море од емоции, е дефинитивно еден од најпопуларните и најбараните пејачи на Балканот во последниве неколку години. Неговиот прв солистички концерт во Белград во ноември 2022 година означи почеток на серија успешни настапи кои го зацврстија неговото место на врвот на музичката сцена.

Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС Сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи го ентузијазмот на неговата публика.

Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот преку неговиот уникатен стил.

Сега, со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во сабота, 5-ти април, во Арената „Јане Сандански“.

Не пропуштајте ја оваа музичка вечер која ветува незаборавно доживување!

Можеби ќе ве интересира: