Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24.мк, популарниот регионален артист Јаков Јозиновиќ официјално ја потврди својата 2026-годишна турнеја под наслов „Ja za čuda letim“, со што означува нова фаза во својата музичка кариера. Тој првпат ќе настапи и во Скопје — каде е планиран голем концерт 9-ти април во спортската арена „Јане Сандански“.
Турнејата, како што информираат, ги вклучува следните градови: Загреб, Белград (со дури пет концерти во Сава Центар), Скопје, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана. Со ваков распоред, Јаков ќе ги обедини фановите ширум регионот во еден концертен маратон што ветува вистински спектакл.
Интересот е голем — а продажбата на билети стартува веќе во среда, 3-ти декември, со почеток од 12:00 часот преку mktickets.mk.
Повикот до фановите доаѓа по објавата на неговиот прв сингл, „Polje ruža“, со кој Јаков го најави „новото поглавје“ од својата музичка историја. Синглот веќе предизвика големо внимание и ја навестува енергијата што ќе го „води“ концертното искуство следната година.
По низа распродадени концерти дома и во странство, новата турнеја уште еднаш ја потврдува позицијата на Јаков Јозиновиќ како една од најсилните и најуништувачки сензации на современата регионална музичка сцена.
Следува музика, светла, публика и… бидете подготвени — „Ja za čuda letim“ тргнува наскоро!
Текстот го подготви: Влад Петров
