После одличните концерти во Загреб и Белград, третиот град во кој “Елементал” ќе настапат со нивното шоу “Денот Е” е Скопје. Поводот е исклучително значаен, а тоа е десет годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти изминативе 10 години, за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во Вип арената “Борис Трајковски”.
19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје – рима, ритам и музика со Елементал. Не заборавајте, сабота 18-ти март, ВИП арена “Борис Трајковски”, вратите се отвораат во 20 часот, додека стартувањето на музичката програма е закажано за 20.30. Влезниците во претпродажба се во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, а потоа 400 денари преку продажната мрежа на kupikartizase.
Подготви: Марија Поповска
