Англискиот музичар Брајан Фери, вчеравечер одржа одличен, феноменелен и незаборавен концерт во Македонската филхармонија во Скопје. Тој уште на самиот почеток од концертот публиката ја крена на нозе во преполентата сала, за која се бараше и карта повеќе. А таа пак, публиката, заедно со него ги пееше сите негови познати хитови, како што се: “Avalon”, “Jealous Guy”, “Slave to love”… и во ритамот на музиката танцуваа и со огромни аплаузи и овации ја дочекуваа секоја наредна песна.

Освен овие препознатливи и добро познати хитови, познатиот светски музичар ги промовираше и новите песни од неговиот последен албум “Avonmore”. На сцената освен ѕвездата на вечерта, Брајан Фери го придружуваа и 12 музичари кои одлично си ја завршија својата работа. Да не заборавиме да го потенцираме и воедно да го пофалиме и организаторот на концертот, Авалон продукција која што се погрижи се да биде во најдобар ред, како озвучувањето кое беше на светско ниво, така и осветлувањето кое што на секоја песна се менуваше и само го надоплни одличниот концерт во Македоската филхармонија.

Да напоменеме дека светски познатиот музичар и не гостува прв пат во нашата земја, тој пред неколку години имаше исто така, одлични концерти и во Скопје и во Охрид. За вчерашниот концерт организаторите во продажба пуштија 700 билети, кој во рекорден број беа продадени. Им благодариме на Авалонци што и Македонија има привилегија да слуша добра и квалитетна светска музика во живо.
Подготви: Марија Поповска
