Во прв ред

„Фолтин“ во Прилеп приредија концерт за паметење (Фото)

Викендов во Прилеп концерт одржа култната македонска музичка група „Фолтин“. Концертот „Фолтин“ го одржа на летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Концертот беше извонредно доживување за секој посетител како и за секој љубител на музиката од „Фолтин“. Летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“ беше претесна да ги собере посетителите, љубителите и фановите на оваа култна македонска музичка група.

Имено, Пеце Николовски од „Фолтин“ вели дека имаат многу пријатели на кои веќе им се допаднале и најверојатно тие се во публиката.

„Во принцип имаме една голема група на наши пријатели на кои веќе им се имаме допаднато и во најголем број ќе бидат тие, а тие сигурно му имаат раскажано на некој други и веројатно ќе им се допаднеме“, вели за Музика24 Николовски и додава дека нивните концерти во Прилеп се традиционални повеќе од две децении.

„Овде го одржуваме по некоја традиционална линија веќе повеќе од 20 години. Ние скоро секое лето одржуваме концерт во Прилеп точно овде на летната сцена“, додава Николовски.

Инаку, групата „Фолтин“ е формирана во 1995 година во Битола и е активна се до денес. Низ групата поминале многу членови кои оставиле неизбришливи музички траги меѓутоа, групата денес е во состав на Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Славе Јовев, Пеце Николовски и Гоце Јовановски.

„Фолтин“ е група кои ја негуваат рок музиката, алтернативниот рок, џез, фанк, босанова, амбиентална, електронска, традиционална и нов бран на музика.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Фото: Facebook – Foltin

Можеби ќе ве интересира: