Во прв ред

„Forever Young 2025“ – Ретро ноќ што ќе го разбуди Скопје на 28-ми ноември

Скопје оваа есен ќе пулсира во ритамот на минатите децении. Во петок, на 28-ми ноември, модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица ќе биде дом на спектакуларната ретро журка „Forever Young 2025“, настан што ветува автентично враќање во златните години на диско културата.

Настанот е посветен на сите генерации кои пораснаа со винилни плочи, диско топки и радио-хитови што се слушаа до бесвест, но и денес одбиваат да се откажат од младешката енергија во душата. Организаторите најавуваат вечер исполнета со парчиња од 70-тите, 80-тите и 90-тите – ера што остави непребришлива трага во светската музика и ноќниот живот.

Зад целиот проект стои добро познатото име на регионалната музичко-модна сцена – Милорад Цаиќ – Цајо, човек чиј потпис со години значи беспрекорна организација, стил и атмосфера што се памети. Со неговата визија, „Forever Young 2025“ се очекува да биде вечер која ќе ги спои носталгијата и современиот сјај во едно незаборавно искуство.

Посетителите може да ги обезбедат своите влезници преку:

  • kupikarta.com
  • продажната мрежа на Розе Веро 2
  • Литература.мк
  • Агенција ЈК Травел

Организаторите ветуваат ноќ што ќе нè врати во времето на безгрижните излегувања, препознатливите диско ритми и легендарните плесни подиуми. Подгответе се да заблескате – ретро магијата се враќа во Скопје, и ова е вечер што едноставно не смее да се пропушти.

Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: