Авалон продукција најавува уште еден концерт ова лето на стадионот на АРМ. Имено генијалните „Thievery Corporation“ повторно ќе одржат концерт во Скопје. Тие на 3-ти јули на истото место, на веќе за вас добро познатиот стадион на АРМ, ќе имаат концертна промоција на последниот албум а се разбира ќе ги изведат и сите нивни стари, добро познати теми.
Веројатно еден од најдобрите светски концерти на сите времиња одржан во Скопје е оној на „Thievery Corporation“ на Стадионот на АРМ, 20-ти јуни, 2017-та година.Кај нас не престана желбата да ја повториме таа вечер, а не престанаа и вашите барања за повторна средба со Thievery Corporation во Скопје. Маестралните Thievery Corporaton се враќаат во Македонија во комплетен состав, а Скопје може да очекува вистински спектакл. – велат од авалон продукција.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 02-ри март преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: партер – 1.500 денари
и фан пит – 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба).
