Во прв ред

Ѓоко Ѓорчев најавува голем солистички концерт во месецот посветен на жената

Како што неодамна први ве информиравме, познатиот македонски поп пејач Ѓоко Ѓорчев најавува голем солистички концерт во Скопје по повод денот на жената, а истовремено, истиот го посветува на сите свои фанови, обожаватели и сите оние кои сакаат да ги слушаат неговите песни. 4-ти март е датумот кога овој познат и популарен пејач ќе застане на сцената на Домот на АРМ во Скопје, за каде што и всушност е закажан концертот, и ќе ги отпее своите најголеми и најпознати хитови кои уште еднаш ќе не подсетат на едно навистина прекрасно време.

“Мислам дека е време за повторна средба со мојата публика. Планот е да ги потсетиме на моите севременски песни и да им понудиме нешто ново што го работев во изминатите 15. месеци. Секако, на репертоарот ќе се моите најголеми хитови, авторските песни, но и неколку кавери…Но, програмата сеуште ја подготвувам, а мислам дека е добро да го послушам советот на мој близок кој ми рече: Зошто ги пееш тие странски хитови кога имаш толку твои прекрасни песни?, па се чини дека ќе го послушам”, изјави Ѓорчев несакајќи да открива детали за својот голем мартовски концерт. Како и да е, тоа ќе биде вечер која долго ќе се прераскажува и ќе се памети.

Можеби ќе ве интересира: