Во прв ред

Ѓорѓе Балашевиќ во април со концерт во Скопје

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Авалон продукција на 19-ти април во Арената “Борис Трајковски” ќе организира концерт на панонскиот морнар Ѓорѓе Балешевиќ, кој по пауза од две години повторно се враќа шред македонската публика. Балашевиќ во Скопје доаѓа по повод својата турнеја која е насловена по неговата нова песна “Осмех се вратио у град” (Насмевката се врати во градот).

Тој последен пат во Скопје беше пред две години кога одржа концерт и кога се одржа премиерата на филмот “Како ран мраз”. Авалон овој концерт го најавува како исполнување на барањата на неговите македонски фанови, инаку тој зад себе има 14 студиски албуми, четири албуми во живо, многу синглови и компилации, како и седум издадени книги. За неколку дена се најавуваат деталите околу концертот и цената на билетите.

Подготви: Елена Крагуеска

Можеби ќе ве интересира: