Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, познатата и популарна македонска поп пејачка Каролина Гочева после големиот маратон од концерти кои што се случуваа и ќе се случуваат во Македонската Опера и Балет (01, 02 и 03 март), во организација на “Feel” продукција на 9-ти март ќе се одржи охридската промоција на нејзиниот новиот албум “Извор”. Од “Feel” продукција ви порачуваат:
“Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот “Македонско девојче”. Повторно повелете “Сите во Охрид”, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид”, велат од продукцијата. Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала “Билјанини извори” со почеток во 21:00 часот. Наскоро ќе се објават и деталите околу цената на влезниците како и продажните места.
Подготви: Александра Блажевска
