Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, на 25-ти ноември во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Перо Христов и пријателите. Овој голем концерт Перо Христов го организира по повод 55 години музичка кариера на македонската музичка сцена.
На концертот како музички гости на сцената ќе се појават: Мишко Крстевски, Стојне Николова, Игор Ангелов, Славица Ангелова („Ѕвездите на Гранд“), Кате Брезева од групата „Соната“, а како музичка поддршка во позадина ќе биде „Класико Бенд“.

Не заборавајте! 55 години музичка кариера на еден од најдобрите фолк пејачи во Македонија, Перо Христов. 25-ти ноември, Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.
Карите се веќе пуштени во продажба.
