Во прв ред

Голем концерт со Александар и Дац на Антички театар во Охрид (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот двоец Александар и Дац (Александар Митевски и Драган Спасов – Дац), на 14-ти август на Античкиот театар во Охрид со почеток во 22 часот ќе оддржат голем емотивен, интимен и евергрин концерт посветен на сите свои фанови, како и на сите оние кои ја почитуваат, сакаат и слушаат нивната музика и нивните песни.

Како и сите концерти и настани досега, поради коронавирусот и овој концерт ќе се одржи под веќе одобрени и изготвени протоколи за организација на концерти во нашиот регион.

За прв пат Александар и Дац заедно настапија на минатогодишното издание на летениот музички фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури” каде настапија со песната “Цреши охридски” и ја освоија втората награда од публика и првата од стручното жири.

На концертот кој што ќе се оддржи на Античкиот во Охрид, капацитетот на публиката ќе биде преполовен и искористен за 1.200 посетители поради почитување на протоколите за заштита и опасност од ширење на Covid-19.

Доколку сакате одлична и незаборавна вечер, исполнета со многу емоции, љубов, песни кои ќе ве вратат во минатото, но и песни кои ќе ве развеселат и натерат да станете и да се размрдате, 14-ти август, Антички во Охрид… Александар и Дац ќе ве очекуваат.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: