Во прв ред

Голем осмомартовски концерт во Драмски на Александар и Дац (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатите Александар и Дац подготвуваат голем осмомартовски концерт насловен “Уште ми фалиш” заедно со своите пријатели и соработници во Драмскиот театар во Скопје, кој пак ќе биде поделен на два дела од по 90 минути.

Првиот дел кој всушност е и оној официјалниот, ќе започне во 20 часот каде заедно со Александар и Дац на сцената ќе настапат нивните многубројни пријатели и соработници, а вториот неофицијалниот дел всушност ќе се одвива во фоајето на театарот каде во следните 90 минути ќе има коктел забава.

„Жената и љубовта се инспирација на сите наши песни од самиот миг на создавањето на дуото Дац и Александар. Конечно, ја остваруваме нашата голема желба да направиме специјална музичка ноќ, на 8 март. Ви ветуваме посебно уживање за сите сетила и едно поинакво прославување на Денот на жената, поделено во два дела. Во првиот дел ќе ви подариме прекрасен букет од песни од сцената на театарот, заедно со нашиот бенд составен од врвни музичари, а атмосферата ќе ја надополнат и нашите специјални музички гости кои ќе отпеат нешто со нас. Во вториот дел, се селиме во фоајето на театарот, во опуштена атмосфера“, велат Александар и Дац.

Како што дознаваме, во продажба се пуштени околу 300 влезници, од кои половината се веќе продадени. Во цената на влезницата е вклучен и кетерингот и бесплатен пијалак кои ќе бидат достапни во текот на вториот дел од концертот. А веднаш потоа следува и хуманитарниот дел каде ќе има донирање на финансиски средства кои дополнително ќе биде објавено каде ќе бидат доделени.

Можеби ќе ве интересира: