Во прв ред

Голем славенички концерт на Горан Бреговиќ во Скопје

Најголемата рок легенда на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23-ти март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар „Јане Сандански”.

Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната ех ју рок група „Бијело Дугме”, а само еден ден после неговиот роденден, Горан Бреговиќ ја прифати понудата со својот „Оркестар за свадби и погреби” дојде во Скопје одржи голем славенички концерт.

Ова е уникатна шанса за сите негови фанови во една вечер да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера! Бидете дел од овој голем славенички концерт!

Бреговиќ порачува: Не носете поклони, Вие сте мојот најголем Роденденски поклон, дојдете во што поголем број Ви ветувам невероватен спектакл – „Ко не полуди, није нормалан”.

Влезниците за овој голем спектакл можат да се купат на сите продажни места на www.kupikartizase.com како и online.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира: