28-ми декември ќе биде денот кога во градот под Исарот, градот на “Макфест” – Штип ќе биде домаќин на најголемата и налуда предновогодишна забава која што ќе се случи во овој град. “Happy people” стои зад оваа забава, а одтаму велат дека ќе биде незаборавно и новогодишно. DJ-те кои ќе Ве забавуваат веќе на сите Вам ви се многу добро познати, станува збор за веќе докажани и далеку познати, како кај нас така и низ светот, а станува збор за DJ Borce Panov, DJ Vladimir Acic и DJ Vasil Jolev кои пет часа непрестано со свои сетови ќе Ве забавуваат до раните утрински часови.
Местото многу добро познато, Домот на млади во Штип, а часот уште поприкладен 22 часот време кога се будат сите сетила за добра и луда незаборавна забава. Што друго да Ви порачаме, освен убава и одлично помината забава. Влезниците чинат симболични 100 денари.
Подготви: Марија Поповска
