Во прв ред

Голема забава со Alavux во Нано бар

Доколку сте љубители на електро, брејкс, техно, есид и хаус музиката, тогаш вистиската забава и можност за опуштање на сите сетила е токму на 3-ти ноември петок во Нано бар, заедно со еден од најпознатите во Европа, познатиот и се популарен Alavux. Тој веќе долги години страсно е посветен на електро-техно звукот и работи на создавање на нов и се поприфатлив и поблизок звук до публиката.

“Во петок ќе се слуша и пушта сосема нова музика, досега неслушната и необјавена”, изјави Alavux за музичкиот портал Музика24. Па доколку саката одлична, незаборавна и малку поинаква забава од она што досега сте навикнати, вистинското место за вас е токму Нано бар со почеток од 21.30. За повеќе информации за настапот погледнете и информирајте се на следниот линк: Голема забава со Alavux.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: