Последните години Крушево доживува вистинска ренесанса и зиме и лете. Туристите го открија овој планински рај во Македонија. Ќе уживате во прошетките околу езерото ќе уживате во тишина и… што е најважно ќе ја поправите крвната слика. Ќе дишете чист воздух. Деновиве напорно се работи на реализација за остварување на еден голем спектакуларен концерт кој ке се оджи на 11-ти јануари (сабота) со почеток во 20.30 часот наречен “Winter Fresh”. Голема зимска забава во Спортска сала –Крушево. Зграпчете ја зимската еуфорија! Повелете на журка која нема да ја заборавите.
На агендата за Ваше уживање организаторите Ви нудат несекојдневни атракции, како:
- Снежни топови
- Видео визуализации,
- Вонредно Light Show,
- Атрактивни танчерки,
- 4 Селектирани DJ артисти, (Аfter party)
- 3 Специјални музички гости (нивниот идентитет го оставаме да биде откриен во понеделник)
Бидете дел од нашата кампања, чија основна цел е да прошири позитивна енергија, многу љубов помеѓу луѓето и да створи незаборавни искуства. Продажбата ќе стартува во понеделник, за првите 150 купени карти гратис ЦД mix. Влезниците во претпродажба чинат 100 денари, а на влезот ќе чинат 150 денари.
Подготви: Александра Блажевска
