За време на викендот односно во саботата на охридскиот плоштад се одржа за прв пат “Бела ноќ”, настан кој го прилече вниманието и на туристите и на сите оние што во тој момент се погодија во центарот на нашиот најголем туристички центар – градот Охрид. Иако на големо се зборува дека оваа година Охрид и не изобилува со голем број на гости односно туристи, сепак, на сцената која беше поставена на самиот плоштад, се појавија Каролина Гочева и ДНК кои со својата музика, песни и популарност го наполнија градскиот плоштад до раните утрински часови.
Присутни на настанот за Музика24 велат дека вакви настани недостасуваат за време на летниот период, но се надеваме дека ако не оваа година, следните многу работи ќе се променат на подобро, а секако тоа се однесува и во областа на музиката.
Подготви: Александра Блажевска
Фото: Стојан Стојановски 2S Studio
