Во прв ред

И оваа година Фестивалот на пастрмалија и вино “Питијада” во Велес

Како што дознава музичкиот портал Музика24, од 19-ти до 21-ви октомври во Велес ќе се оддржи препознатливиот фестивал за овој град, Фестивалот на пастрмалија и вино “Питијада 2018”. Оваа година присутната публика ќе има можност да се дружи и забавува со познатите македонски музички имиња: Влатко Лозаноски – Лозано, Дарио, “Баклава”, Нино Величковски, Игор Џамбазов, Анета Мицевска и групата “Молика”, “Next Time”… и уште многу други познати музички имиња од македонската музичка сцена.

“Подготвивме одлична програма, која се надевам дека ќе го привлече вниманието на гости не само од Велес, туку и од Македонија и странство. Одлучивме учесниците да бидат исклучиво од Македонија, без турбо-фолк имиња. Вака ќе ја поддржиме македонската музика”, изјави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Првата фестивалска вечер (19-ти октомври) ќе започне со настапите на групата “Виртус”, групата “Боеми” од Битола, одличните “Баклава”, Анета Мицевска и групата “Молика”, “Next Time”, Игор Џамбазов и Харе Гуру бенд. Следниот фестивалски ден (20-ти октомври) на сцената ќе се појават “Велешка чалгија”, Нино Величковски со тамбурашите, Џамбо Агушев со неговиот оркестар, Кристина Арнаудова, Влатко Лозаноски – Лозано, Бени Шаќири и Нон-Стоп. И последната фестивалска вечер (21-ви октомври) публиката ќе ги забавува Чалгија и “Распеани велешани”, Чалгија саунд систем, групата “Синтезис”, Ивона Јовановиќ, Александра Јанева, Слаткаристика и Дарио.

Организаторите на овогодинешното издание на “Питијада 2018” истакнуваат дека сите оние кои што се заинтересирани и сакаат да помогнат при организацијата на манифестацијата, на која се поканети винарии, угостители, пекари. Преку ден има можност сите заинтересирани кои сакаат да настапат тоа да го сторат, доколку имаат желба, фолклорни групи, танцувачки групи, сите кои сакаат да настапат пред присутните гости. Бината ќе биде поставена на улица 8-ми септември во близина на фонтаната на паркингот пред Основниот суд.

Можеби ќе ве интересира: