Music Time Ви претставува, уникатен концерт на Македонска филхармонија – „Ima neka tajna veza – made in Sarajevo”.
На 4-ти март во Македонската филхармонија со почеток од 20ч. во изведба на Македонската филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект, „Ima neka tajna veza – made in Sarajevo”. Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: „Индекси“, „Бијело Дугме“, Здравко Чолиќ, „Амбасадори“, „Тешка Индустрија“, Кемал Монтено и многу други.
Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди: Аида Мушановиќ Арсиќ и Нермин Пушкар (БиХ), Марко Кутлиќ и Роберт Чолина (Хрватска), Влатко Лозаноски и Агни Авшар (Македонија).

Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk.
