Во прв ред

Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2

КИЦ – Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада” 2023, во Битола.

Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции.

Официјалниот датум на оддржување на фестивалот е 24.08.2023 на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола.

Можеби ќе ве интересира: