На денот на почетокот на Фестивалот на музика од светот во Битола, двете гостинки Јелена Томашевиќ и Хели Сиекинен засадија дрвца пред Центарот за култура – Битола. Во изминатиот период под хаштаг #ЗасадиДрво и #ecoMKchallenge на социјалните мрежи започна акција на јавни личности низ Македонија.
Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илијевски доби два Facebook предизвици, првиот од директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и вториот од актерот Сашо Ристовски. Андоновска – Илијевски реши да го реализира предизвикот на почетокот на Фестивалот на музика од светот заедно со гостите од Финска и Србија, кои со радост денес ја прифатија задачата.
Пејачката Јелена Томашевиќ изјави дека пред 10 години засадила дрво во родниот Крагуевац, ова е второ нејзино садење и многу се радува што е во Битола. Финската музичарка Хели Сиекинен верува дека само зеленило е важно за чиста животна средина.
Подготви: Филип Етмишовски

