На снимките кои пред некој месец ги објави Телевизија Орбис јасно можеше да забележиме колку голем број на обожаватели има Даниел Кајмакоски во Битола и колку тие се нетрпение го очекуваат. И конечно Даниел пристигна во Битола и тоа на својата турнеја со сокчињата Џуси на чиј бренд од неодамна е заштитно лице. Најпрво во Шик Комерц, потоа пред Народниот театар веднаш до Интермецо во сабота, а потоа и Ангро Маркет Довлеџик во Неделата.
Трите дружења поминаа со повеќе од доволно посетеност. Огромен број на обожаватели се сликаа со Даниел, им се потпишуваше на слики, маици, телефони, на рацете и каде уште не. Беа исплакани многу солзи радосници од најмладите кои по долго очекување успеаа да го видат Даниел и да поминат кратко време со него. Нивната радост беше неизмерна, а среќата на Даниел како што вели и самиот се состои токму во тоа.
Даниел вели дека тука во Битола имал најмногу фанови од цела Македонија, но не само најмладите, исто така и повозрасни, па и постари лица се туркаа и чекаа редови да стигнат до Даниел да ја изразат својата подршка, да му се заблагодарат за она што го направи и да кажат колку се горди што Даниел е македонец.
Со нас Даниел сподели и дека го посетил ноќниот клуб Позитив каде што бил изненаден од реакцијата на луѓето и од тоа колку добро е прифатен насекаде. Со насолзени очи вели дека е премногу среќен за сето тоа што му се случува и дека тоа е нешто за кое вреди да се живее и работи.
За Музика24 од Битола: Јовица Пауноски
