Во прв ред

Каролина Гочева за Нова година во Битола

Доколку новогодишната ноќ решите да ја поминете на плоштадот “Магнолија” во Битола, ќе имате задоволство како главни музички ѕвезди да ги слушнете Каролина Гочева и групата “Боеми”. Од општината Битола информираат дека годинешните новогодишни свечености ќе бидат посветени за најмладите и во знакот на Битолските естрадни ѕвезди.

“Буџетот е скратен, но не штедевме за најмладите, секој ден од 29-ти декемри до 31-ви декември од 11.30 до 20 часот ќе има новогодишна програма за деца, во соработка со НУ Народен театар – Битола, овозможивме сите театарски претстави во тој период да бидат бесплатни”, не информираат од општина Битола.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: