Во прв ред

Концерт на акузматична музика на “Денови на македонска музика”

Во понеделник на 3-ти април во Македонска опера и балет на Мала сцена со почеток од 20 часот ќе се одржи Концерт на акузматична музика со танцов перформанс во кореографија на Елена Антонова – Петровиќ во изведба на ученици и студенти по современ танц од МБУЦ “Илија Николовски-Луј” и ФМУ – Скопје. На концертот кој е замислен како танцов перформанс во кореографија на Елена Антонова – Петровиќ, во изведба на ученици и студенти по современ танц од МБУЦ “Илија Николовски-Луј” и Факултетот за музичка уметност во Скопје, премиерно ќе прозвучат новите акузматични композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура, од авторите Кокан Димушевски, Дарија Андовска, Влатко Георгиев и Андреј Блажевски.

Консултант за актерска игра е Драгана Босниќ, дизајн на светло е Васко Лисичов. Балетскиот ансамбл ќе настапи во состав: Христина Ангеловса, Марија Ристеска, Ана Марковска, Теодора Ежовска, Тања Василевска, Бојан Мицев, Фросина Шуман, Исидора Краљевска, Даниел Коцев и Ангела Михова.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: