Концертите на квартетот „Бонд“ закажани за 25-ти, 26-ти и 27-ми септември, сепак, овој момент нема да се одржат. Причините за тоа се разбирливи. Имено протоколите според кои Македонската филхармонија може да работи со најмногу 30% капацитет, не дозволуваат „Бонд“ да ги гледаат сите оние кои ги задржале билетите за нивните настапи.
“Со менаџментот на квартетот се одлучивме тие да настапат во Скопје во февруари 2021 година, а за точните датуми ќе бидете информирани во најбрз можен рок и тие зависат од програмата што ја има Македонската филхармонија во месец февруари и нивните слободни термини. Едно е сигурно, како што изгледа во моментов, концертите на „Бонд“ ќе бидат први концерти на Авалон во 2021 година. Чувајте ги влезниците затоа што наместо претходните три концерти, во февруари ќе се одржат само два концерта, што овие настани ги прави уште поексклузивни”, велат од Авалон продукција.
