Во прв ред

Концертите на Жељко Бебек во Битола и Охрид само за 700 посетители

Легендарниот Жељко Бебек и неговиот бенд пристигнаа во Охрид, каде вечерва со почеток од 22 часот ќе се одржи првиот од двата договорени концерти, во Античкиот театар.

Како што  веќе информиравме концертите се одржуваат според утврдените и одобрени протоколи од Министерството за здравство и во оваа прилика сакаме да информираме дека онака како што беа организирани концертите на Амира Медуњанин и на Дарко Рундек, така и овие на Жељко Бебек ќе бидат реализирани и организирани професионално и беспрекорно.

“Бидете сигурни дека оние сцени од еден концерт одржан вчера во Битола со којшто Авалон продукција нема апсолутно никакви допирни точки, нема да се случат”, потенцираат од Авалон продукција.

Имено, во моментов за охридскиот концерт на Бебек се останати во продажба само 100 влезници, а за битолскиот уште 200 влезници. После распродавањето на овие карти (ако дојде до тоа), продажбата ќе биде стопирана.

Ова возбудливо Covid-19 музичко лето продолжува со последните три проекти, со кои се префрлуваме во Скопје, а тоа се концертите на “Електрични Оргазам” (11-ти септември), фестивалот “Skopje Calling” (12-ти септември) и на “Бајага и Инструктори” (13-ти септември), на стадионот на АРМ, open air.

Можеби ќе ве интересира: