Познатата македонска група Мугер Фугер на 8-ми фебруари во Младонскиот Културен Центар (МКЦ-Скопје) со почеток во 21 часот ќе започне со својата концертна промоција на албумот “Ла Кања”. Последниот албум на оваа култна група претставува склоб од различни сензибилитети и креативци, кои концертно ќе ги видиме на сцената, а тоа се: Горан Трајкоски (Падот на Византија, Анастасија, Мизар) Драган Гиновски – Гино (Архангел) Зоран Тортевски (Хармосини, Мизар) неповторливите и милти талентирани Сашко Костов и Ади Имери, виртуозот Мухамед Ибрахими како и поетот Џабир Дерала…
Како ексклузивни гости на концертот ќе се појават Last Expedition кои ќе ја почестат публиката со неколку свои хитови кои освен старата наизуст ги знаат и новата генерација, Exic оживувајќи ги песните “So many loves”, “Странец”, “Таксист”… и The Black & Vice Social Club кои ќе настапат како пред група. Тие со овој настап ќе направат најава за деби албумот кој се очекува да излезе на пролет.
Доколку сакате да се чувстувате прекрасно, експлозивно, рокерски, да се присетите на 90-те да се опуштите и едноставно да уживате, тогаш ова е вистинскиот настан за вас што Музика24 со драго срце ви го препорачува. Нашата екипа ќе биде на местото на настанот, за многу повеќе околу концертот и подготовките и за самиот концерт на вистинското место – Музика24.мк
Подготви: Елена Крагуеска
