Поради моменталните безбедносни мерки за заштита од коронавирусот на јавни настани, кои дозволуваат присуство на само илјада посетители, а бројот на досега продадени билети за концертот на Андре Риу е за неколку илјади поголем.
Поради веќе споменатата причина, како и моменталната здравствена ситуација, организаторите на концертот во Скопје, заедно со тимот на Андре Риу одлучија дека е најправилно во овој момент концертот да го презакажат за 12-ти ноемвири 2021 година, се со цел сите љубители на неговата музика да имаат можност да присуствуваат на ова прекрасно концертно искуство.
„Драги мои пријатели од Македонија! Јас и мојот оркестар со нетрпение го очекувавме враќањето во вашата прекрасна земја и големиот настап пред македонската публика. Но, безбедноста на големото “Андре Риу семејство“, составено од вас – мојата драга публика, целиот мој тим и музичарите, секогаш доаѓа на прво место! Ви благодариме за трпението и ве моламе да останете во добро здравје! Многу љубов од Мастрихт!”, вели Андре Риу.
