Во прв ред

Концертот на “Галија” во Битола ќе се одржи според сите протоколи

Концертот на легендарната рок група “Галија” закажан за утре вечер во античкиот театар на Хераклеа, 100% ќе ги следи протоколите одобрени од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за превенција од Ковид-19. За концертот во продажба беше пуштен ограничен број на влезници, од кои преостанати се уште мал број. Со цел максимално почитување на протоколите вратите за публиката се отвораат во 19 часот.
Од продукција “Сцена” која го организира концертот велат дека ќе биде означен распоред за седење со физичка дистанца помеѓу публиката. Задолжително е носење на маски во текот на целиот концерт а исто така на влез според протоколите ќе се врши проверка на температура и задолжителна дезинфекција на сите пред влез во гледалиштето. Организаторот за почитување на протоколите и одржување на редот и дистанцата на концертот има ангажирано редари.

Да се биде претпазлив е просто и лесно, а совесноста е во мода оваа 2020 година.

Можеби ќе ве интересира: